Фудбалерите на Марсеј во неверување: Сите на клупата знаеја, а никој ништо не ни кажа

Францускиот Олимпик Марсеј испадна од европските купови откако заврши како последен во групата Д, каде што синоќа беше расплетот за сите четири позиции. Олимпик дома играше против Тотенхем и водеше со 1:0 на полувреме, но на крајот загуби со 1:2.

Поразот од Тотенхем значеше дека тимот од Марсеј е последен во групата и нема да игра ниту во Лигата на Европа. Вториот гол Олимпик го прими во 90+5 минута и токму поради тој гол нема да останат барем во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Со освоен бод против Тотенхем, Олимпик ќе имаше седум бодови и подобар меѓусебен скор со Спортинг, па ќе беше на третото место, но тоа не се случи.

Кансел Мбемпа, кој синоќа го даде единственот гол за домаќините во Марсеј, по мечот беше во неверување дека никој од клупата за резервни не им сигнализирал дека ако е нерешено, ќе одат во Лигата на Европа.

„Ние на теренот не знаевме што се случува. За разлика од нас, тие што беа на клупата точно знаеја какви се калкулациите, но немаше никаква комуникација со нас на теренот. Многу сум лут. Не можам да верувам дека тоа ни се случи на крајот од мечот, но, едноставно, не знаевме“, разочарано конемтираше Мбемпа по мечот.

За разлика од Мбемпа, тренерот на Олимпик, Игор Тудор, вели дека играчите на теренот не го слушнале кога им давал совети. „Не ме слушнаа. Им велев да не одат премногу во напад за да не се распаднат останатите линии во формацијата. Сепак, тие сакаа да дадат гол. Имаше голема врева на стадионот“, објасни Тудор, кој додаде дека тој намногу сакал да се фокусира на резултатот од нивниот меч.

- Оглас -

Најнови вести