Фудбалерите на Реал Мадрид имаа пеколно будење во два часот наутро (Видео)

Реал Мадрид вечерва гостува кај Ливерпул во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите, а навивачите на домашниот тим на секој начин се обидуваат да му помогнат на својот тим да дојде до победа.

Јасно е дека на „Енфилд роуд“ ќе „грми“ за Ливерпул, но тоа што беше изненадување се случи ноќеска. Навивачи на Ливерпул во 2 часот наутро приредија „спектакуларен пречек“ за гостите.

Пред хотелот во којшто спиеја гостинските играчи беше запален огномет и тоа со единствена цел да се вознемират гостите од Мадрид. Огнометот беше многу силен и тешко дека некој од гостите во хотелот успеа да остане да спие.

Ливерпул нема победа во последните шест меѓусебни дуели против Реал Мадрид и се надева дека вечерва конечно таа низа ќе биде прекината.

https://twitter.com/i/status/1627838302039539712

- Оглас -

Најнови вести