Фудбалската репрезентација на Македонија полета од Скопје за Сараево, каде што утревечер ја чека пријателски натпревар со Босна и Херцеговина, селекција учесник на Светското првенство. На тестот со Босанците нашите ги чека преполн стадион и тоа е мотив да се одигра добро против силен противник.
Спортманија од лице место ќе ги следи контролите со БиХ и Турција, навреме ќе ве информираме за сите најважни актуелности поврзани со националниот тим.
Погледнете фотогалерија од пристигнувањето на фудбалерите на скопскиот аеродром пред да полетаат за главниот град на БиХ:


