Од Балтикот до кавкаскиот регион е патот кој фудбалската репрезентација на Македонија ќе го помине денеска со лет од околу четири ипол часа.
Нашата експедиција се одјави од Рига, Летонија е „чекирана“ и победена со 3-0, а сега тимот го чека долгиот лет до ерменската престолнина Ереван каде задутре ќе води фудбалска битка со Ерменија која синоќа се спасуваше од пораз на Фарски острови.