Фудбалерка прво шутираше кон главата на судијата, а потоа го удри во меѓуножјето (Видео)

Дека и фудбалерките може да бидат агресивни и опасни за судиите, потврдува и неверојатната ситуација која се случи во најсилната женска лига во Еквадор. Ширли Кајседо е фудбалерка на екипата на Леонас дел Норт, која покажа ретко видена агресивност на теренот.

Кајседо ги загуби нервите по една одлука на судијата, па ја зеде топката и шутираше директно кон главата на арбитерот. За среќа, таа за малку го промаши, а судијата поради ова несоодветно однесување реши да ѝ даде црвен картон на агресивната фудбалерка.

Тогаш реагираа неколку фудбалерки на Леонас дел Норт кои го опколија судијата и агресивно протестираа. Кајседо повторно беше најагресивна и со нога го удри судијата директно во меѓуножјето.

Од Фудбалската федерација на Еквадор веќе покренале истрага против оваа фудбалерка, која може да добие и доживтна забрана за играње фудбал.

- Оглас -

Најнови вести