Фудбалерките денеска на мегдан против Косово, квотите се одлични да го освојат првиот бод во Лигата на нации

Женската фудбалска репрезентација на Македонија денеска во Приштина игра против селекцијата на Косово во рамките на третото коло во Лигата на нации.

Во првите две кола во рамките на групата 5 од дивизијата Ц, избраничките на селекторот Кирил Изов доживеаја два пораза. На стартот Македонија загуби од Бугарија со 0:1, а пред четири дена и од Косово со 0:2.

Според квотите, фаворит е селекцијата на Косово со 1.28, додека за триумф на Македонија коефициентот е 9.00.

- Оглас -

Најнови вести