Фудбалерките пред нов предизвик: Може ли Македонија до изненадување против фаворитот Словенија? (Фото)

Женската фудбалска репрезентација на Македонија попладнево ќе го одигра и вториот натпревар од новиот циклус квалификации за Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Швајцарија. По победата на првиот натпревар против Летонија на гости од 3-4, во меч на кој покажавме неубедлива игра и многу грешки на двете страни, посреќни беа нашите фудбалерки, но денес пред нив е нов и многу поголем предизвик – репрезентацијата на Словенија, првиот фаворит во нашата група.

Против Словенките низ историјата имаме одиграно само три натпревари и трипати загубивме убедливо. Во 2005 во пријателски натпревар на гостински терен, Словенија победи со 7-1. Следните два натпревари беа во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2017 година. Во Лендава загубивме со 8-1, додека на реваншот во Скопје, Словенките беа уште поубедливи и победија со 9-0.

И според квотите во Sport Life, јасно е кој е фаворит на денешниот натпревар. Квотата за победа на Словенија е 1.02, додека изненадувањето на Македонија има фантастична квота од 31.50.

Денес низ Европа ќе се одиграат вкупно 25 натпревари од квалификациите за женското Европското првенство и сите може да ги најдете во понудата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести