Фудбалерките убедливо поразени од Словенија во квалификациите за ЕП

Женската фудбалска репрезентација на Македонија е поразена со 0:5 од Словенија во второто коло од квалификациите за пласман на Европското првенство кое идната година ќе се одржи во Швајцарија.

По победата над Летонија од 4:3 на стартот од квалификациите, фудбалерките денеска се поразени од фаворитот за првото место во групата, Словенија.

Словенечките фудбалерки беа подобар тим, доминираа на теренот, а дилемите околу победникот ги решија уште во првото полувреме, во кое дојдоа до предност од 0:2.

Корошец во 24-тата минута го отвори резултатот, а само пет минути подоцна, Панчурова си постигна автогол.

Во второто полувреме, Словенија даде уште три гола за убедлив триумф од 0:5. Прво Прашникар во 56-тата минута зголеми на 0:3, Кајзба во 84-тата минута со гол со глава ја круниса одличната акција на словенечките фудбалерки, а конечниот резултат го постави Колбл во 88-мата минута.

Следниот натпревар фудбалерките ќе го играат на 31 мај против Молдавија во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести