Фудбалерот кој беше фатен во прељуба смисли начин да се одмазди

Некогашниот романски фудбалер Чипријан Марика повторно се најде во фокусот на спортското внимание, но не поради своите фудбалски квалитети. Овојпат Марика е главен во секс-скандал, и тоа што се случил пред една година.

Марика бил фатен во прељуба кога мажот на неговата љубовница се појавил пред вратата на нивната соба во хотелот во Клуж. Човекот ја снимил целата ситуација, па се гледа како Марика е полугол и се обидува да избега од непријатната ситуација, а жената останува збунета и го гледа својот маж додека ја снима. Целата видеоснимка може да ја погледнете ТУКА.

Марика верува дека снимката која се појави во јавноста ја има објавено токму неговата поранешна љубовница, Ана, па најави дека ќе подигне тужба против неа.

„Чипријан е убеден дека Ана го има објавено видеото или поради пари или поради слава. Тој верува дека таа е бескрупулозна жена. Веќе подигна обвинение и има тим од адвокати кои стојат зад неговата тужба“, вели близок човек на фудбалерот.

Марика во кариерата настапуваше за Динамо Букурешт, Шахтер, Хетафе, Коњаспор, Стеауа, како и за Штутгарт и Шалке во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести