Фудбалерот кој дебитираше во 1986 година, реши да одигра уште една сезона!

Јапонскиот фудбалер Казујоши Миура не планира да сопре со активно играње фудбал. Миура има 56 години и е најстариот активен професионален играч, кој реши да го продолжи договорот со португалскиот второлигаш Оливиеренсе.

Миура е легенда на јапонскиот фудбал, а кариерата ја започна во далечната 1986 година во бразилскиот Сантос. Низ кариерата има настапувано во повеќе од 15 различни клубови, а меѓу дресовите кои ги носеше се и тие на Џенова и на Динамо Загреб.

Оваа година потпиша за Оливиеренсе и одигра три меча, а сега договорот му е продолжен за уште една сезона. Миура има и 89 настапи за репрезентацијата на Јапонија во кои постигнал 55 голови.

 

- Оглас -

Најнови вести