Фудбалерот кој доби специјална честитка од Клоп, ќе игра и на 38 години

Пред неколку дена, екипата на Викомб го прослави најголемиот успех во кариерата а тоа е пласман во Чемпионшип во Англија. Еден од ѕвездите на Викомб е Адебајо Акинфенва, фудбалерот кој е познат како најсилниот во Англија. Акинфенва е тежок 105 килограми, но неговиот сон да биде професионален фудбалер трае со години.

По пласманот во Чемпионшип, Акинфенва беше еден од најрадосните, а по мечот изјави дека единствено Јирген Клоп може да му се јави и да разговараат. Не помина долго по таа изјава на Акинфенва, стигна и пораката од Клоп.

Акинфенва кој има 38 години нема да се пензионира туку доби нов договор со Викомб, што значи дека ќе игра во Чемпионшип. Акинфенва во сезоната која неодамна заврши одигра 32 меча во Лига 1, а имаше одличен биланс од 10 погодоци и шест асистенции, што значи дека сигурно ќе биде од корист во следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести