Фудбалерот кој одби да игра за Македонија, вечерва ќе биде на клупата за резерви кај Јувентус во дербито против Интер

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Никола Секулов, ќе биде дел од вечерашниото Дерби на Италија меѓу Интер и Јувентус на „Џузепе Меаца“, откако тренерот на Старата дама реши да го вметне во сениорскиот состав.

Секулов како тинејџер го облече дресот на Македонија У17 и одигра два меча, а потоа реши да се откаже од македонскиот дрес и да заигра за италија, каде што и е роден, во Пјаченца. Тој сега се надева дека со напредување во кариерата ќе заигра за италијанската репрезентација, затоа што веќе има 21 година и нема право за настап за младинските селекции.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри реши да го стави Секулов во тимот, откако гигантот од Торино има проблеми со многуте повредени играчи, па им недостасуваат седум играчи. Секулов секако ќе биде на клупата за резерви, а останува да видиме дали можеби и ќе добие можност да дебитира за Старата дама.

 

- Оглас -

Најнови вести