Фудбалерот кој потекнува од академијата на Реал, во 93-тата минута ги остави Кралевите без победа (Видео)

Атлетико Мадрид со гол во третата минута од судиското продолжение успеа да се спаси од пораз на „Сантијаго Бернабеу“ играјќи 1:1 против Реал Мадрид во популарното градско дерби Ел Мадрилењо.

Херој на Јорганџиите беше фудбалерот кој е продукт на академијата на Реал Мадрид, Маркос Љоренте кој голот за реми го постигна во 93-та минута.

Претходно, Реал Мадрид поведе со голот на играчот кој требаше да биде на клупата, но поради повредата на Винисиус жуниор доби шанса да игра од првата минута, Брахим Дијас.

Реал Мадрид останува лидер на табелата со 58 бода, два повеќе од второпласираната Жирона против која ќе игра во идното коло. Атлетико мадрид пак е четврти со 48 освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести