Фудбалерот кој умира, побарaл помош од Роналдо, но останал разочаран

Некогашниот холандски репрезентативец Фернардо Риксен е на смртна постела. Поранешниот десен бек на Зенит и Ренџерс, боледува од тешката болест АЛС и веќе шест години е „врзан“ за болничкиот кревет. Кога му ја открија болеста, докторите му прогнозираа дека има само уште 18 месеци за живот, но тој уште се бори со суровата болест.

Сепак, ситуацијата на Риксен станува сè посериозна и полоша, па очигледно е дека нема уште многу време за живот. Неодамна, тој преку социјалните мрежи ги покани своите пријатели да дојдат на проштална вечера која ќе ја организира на 28 јуни.

Сопругата на Фернардо, Вероника, секогаш е покрај својот сакан. Таа објаснува дека во изминативе неколку години, се сретнале со Кристијано Роналдо, но дека Португалецот не ги воодушевил на средбата.

„Еднаш го запознавме Кристијано Роналдо, па што? Не можам да речам дека бев воодушевена од состанокот. Нашата ќерка Изабела сакаше да го сретне Роналдо, а Фернардо ѝ вети дека ќе го запознае човекот кој често го гледавме на телевизија. Ветеното беше исполнето. Заминавме во Мадрид и гледавме меч од Лигата на шампиони. Сепак, не бев воодушевена од Кристијано. Дојде, го соблече испотениот дрес, го даде на нашата ќерка и си замина“, открива Вероника.

Жената на Фернардо открива дека сакале да се сретнат и со Диего Марадона, но Аргентинецот иако ветил дека ќе дојде на еден фудбалски настан во Холандија, сепак не се појавил за да се сретне со Фернардо Риксен.

Некогашниот фудбалер кој има 12 настапи за Холандија, пред само неколку дена приреди изненадување на својата ќерка која го прослави 7-от роденден. 

 

- Оглас -

Најнови вести