Фудбалерот кој важи за најголемо промашување на Реал Мадрид објави крај на кариерата!

Белгискиот фудбалски интернационалец, Еден Азар, објави крај на професионалната кариера. Тој последните четири сезони ги мина во редовите на Реал Мадрид, но не се наигра и го доби епитетот за најголемо промашување на “кралскиот“ клуб. Во својата кариера настапуваше и за Лил и Челзи, а го носеше и дресот на репрезентацијата на Белгија.

– “Мора да се слушате себеси и да престанете кога е време. По 16 години и повеќе од 700 одиграни натпревари, решив да ја завршам кариерата како професионален фудбалер. Го остварив мојот сон, играв и се забавував на терените ширум светот. Во текот на мојата кариера запознав одлични менаџери, тренери и соиграчи. Ви благодарам на сите за прекрасното време, ќе ми недостигате. Сакам да им се заблагодарам и на клубовите за кои играв: Лил, Челзи и Реал Мадрид. Благодарност и до Фудбалскиот сојуз на Белгија и белгиската репрезентација. Посебна благодарност до моето семејство, пријателите, советниците и сите луѓе кои беа покрај мене во добри и лоши моменти. За крај, благодарност до вас, моите фанови, кои ме следеа сите овие години и ви благодарам што ме бодревте каде и да играв. Време е да уживате со саканите и да имате нови искуства. Се гледаме наскоро надвор од теренот, драги пријатели.“ – напиша Азар на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести