Фудбалерот милијардер ќе се реактивира и ќе игра за Монца

Силвио Берлускони и Адријано Галијани сакаат нивниот клуб Монца да се бори за влез во Серија А, но тимот не ја почна добро сезонава во втората лига, Монца е на 15-то место во само три бода во четири кола, па раководството планира ново засилување. Монца сака да го ангажира Матје Фламини, кој минатата година ја заврши кариерата, како игтач на Хетафе.

Сепак, изгледа некогашниот член на Марсеј, Арсенал, Милан, Кристал Палас и Хетафе, кој има 36 години, сака да се реактивира. За Фламини е интересно дека неговото богатство се проценува на 20 милијарди евра, толку вреди неговата компанија која се занинава со биохемикалии. Пари има, во играњето за Монца би му било од љубов.

- Оглас -

Најнови вести