Фудбалерот на Интер откри каков тренер е Клоп: Вие сте подготвени да го дадете животот за него

Ерменскиот репрезентативец и фудбалер на Интер, Хенрик Мхитарјан, му оддаде признание на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, и на медиумите им откри каков тренер е Германецот.

Клоп потврди дека на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул, и најверојатно следна работа ќе му биде селектор на германската репрезентација.

Мхитарјан одлично ги познава квалитетите на Клоп бидејќи тие соработуваа во Борусија Дортмунд.

„Каков тренер е Клоп? Тој е психолог кој ви дава самодоверба и слобода на теренот. А вие сте подготвени да го дадете животот за него“, им откри Мхитарјан на медиумите каков тренер е Клоп.

- Оглас -

Најнови вести