Фудбалерот на Севилја може да добие 70 години затворска казна

Жоао Малек, 20-годишниот фудбалер кој во сообраќајна несреќа усмрти брачен пар, може да добие неверојатно висока затворска казна. Играчот на Севилја го возел својот Мустанг со брзина од 162 км/час, што е за два и пол пати повеќе од дозволената брзина на улицата на која го удри возилото во кое беа брачниот пар Алехандро Коста (33) и Марија Пену (26).

Алехандро и Марија тој ден требало да прават свадбена веселба. Во саботата се венчале во црква, а за во неделата била закажана забавата, која никогаш не се случи. Малек со својот автомобил го удри автомобилот на сопружниците, кои загинаа на самото место, додека фудбалерот и неговито совозач поминале со полесни повреди. Починатите сопружници имаат две деца.

Очевидците кои ја виделе несреќата потврдија дека Малек воопшто не се обидел да закочи, а тоа се гледа и од видео снимката од несреќата, која се појави неодамна. Страшната сообраќајна несреќа може да ја погледнете ТУКА.

Малек бил пијан, а веднаш по несреќата заврши во полиција. По вчерашното сослушување, на фудбалерот му е одреден притвор од шест месеци. Веднаш бил пренесен во затворот во Пуенте Гранде. Семејството на настраданите се плашат дека фудбалерот кој има освен мексикански, има и француски и камерунски пасош, би можел да го потплати судијата и да избега од земјата.

„Нив веќе не можеме да ги вратиме, но правдата мора да победи. Тоа треба да биде за сите оние кои имаат настрадано на сличен начин, но и поука за да нема повеќе вакви несреќи. Колку од овие случаеви поминуваат неказнето?“, изјавија блиските на настраданото семејство пред Судот.

Според мексиканските закони, предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици може да донесе и затворска казна од дури 70 години.

 

- Оглас -

Најнови вести