Фудбалот би личел на НФЛ, тренерот на Баерн предлага играчите на терен да имаат микрофони

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, предизвика многу реакции по изјавата дека предлага фудбалот да заличи на американскиот фудбал и НФЛ лигата, со тоа што играчите би имале микрофони и слушалки, за да може полесно да комуницираат со тренерите за време на натпреварите.

Според Нагелсман, со таа евентуална новина, тренерите би имале поголемо влијание.

„Фудбалот е традиционална игра, а американскиот фудбал е неверојатно напреден според. Квотербекот може на терен да добива совети од тренерот, и тоа нешто што и нам ни е потребно. Идеално би било играчите да носат микрофони за да може да разговараат со тренерот. Бучавата на стадионите е голема, нема никакви прекини во текот на средбата, и тренерите само на полувреме може да разговараат со играчите за тактиката“ – вели Нагелсман.

Сепак, тешко е да се очекува дека во догледно време може на фудбалски терен да има „озвучени“ фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести