Фудбалот доаѓа дома ќе грми и на „Олимпико“

6949 Украина – Англија (21ч)

Ќе заврши натпреварувањето за Украина иако тимот на Шевченко е едно од најпријатните изненадувања на ова ЕП. Англичаните „летаат во облаци“ по победата над Германија и посакуваат да се вратат на „Вембли“ за завршницата, па би требало во 90 минути играчите на Саутгејт да ја остварат новата цел.

Во последните пет меѓусебни дуели Англија има подобар биланс со 2-1 во победи, а последните две средби завршија без победник, односно само еднаш паднаа повеќе од два гола. Голот на Пикфорд уште не е затресен, Јармоленко и дружината ќе имаат тешка задача да ја тресат противничката мрежа на „Олимпико“, а нема да биде изненадување доколку еден гол ја реши средбата во Рим.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.05)

 

6202 Чешка – Данска (18ч)

Данците и за овој меч нема да сметаат на првотимците Вас и Поулсен, а против комплетната и разиграна Чешка се очекува неизвесна битка во која продолженија, па и пенал-рулетот не се исклучуваат како опција да се добие новиот полуфиналист на ЕП.

Чесите предводени од Патрик Шик кој брои четири гола досега, сигурно ќе биде најголема закана по голот на Шмајхел, но ситуацијата со Ериксен ги соедини Данците и во негово име посакуваат нов успех.

Чешка последната победа над Данска ја памети од ЕП 2004 година, токму во оваа фаза со убедливи 4-0, но од тогаш се сретнаа уште шестпати во кои Данците славеа само еднаш, а запишаа пет ремија (три со 1-1 и две без голови).

Предлог тип: 1+I & 1+II (2.05)

 

5717 Уругвај – Колумбија (00ч)

Колумбија на тежок начин стигна до нокаут фазата и се чини дека е толку е капацитетот, а Уругвај наметна победнички ритам пред оваа пресметка и очекува да се пласира во полуфиналето на Копа Америка.

Оваа пресметка не би требало да биде поразлична од последните пет меѓусебни дуели, во кои просекот од речиси три гола бил на страната на Уругвајците кои славеа во три од нив. Кавани и Суарес ќе бидат најголемата закана по голот на Оспина, поради нивниот квалитет може да се очекува повеќекратно тресење на мрежите.

Предглог тип: 1 (2.35)

 

6925 Салцбург – Монако (16:30ч)

Пријателските натпревари се убава шанса да се брка играта на голови, а кога игра австрискиот првак не може да се очекува ништо помалку од три гола.

Салцбург досега запиша две победи од 3-1 и 3-0, за Кнезовите ова е прв меч од летните подготовки, па иако овие две екипи првпат се среќаваат, би требало да се одигра ефикасен меч.

Предлог тип: 4+ (2.14)

 

4001 Колумбус – Њу Ингланд (23ч)

Шампионот на САД е прилично десеткуван за овој меч во кој се надева дека ќе им се врати на победите откако од претходните два меча издвои само еден бод. Колумбус во добар момент го пречекува лидерот од Источната конференција, на кого му заврши победничката низа од пет меча со пораз од Далас.

За Колумбус да се наметне на водечките екипи на Истокот, ќе треба да го одржи добриот биланс на домашен терен против Њу Ингланд, кој датира без пораз од ноември 2014 година, а воедно славеше во пет од шест меча како домаќин.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.09)

- Оглас -

Најнови вести