Фудбалот доминира во понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер тип. Фудбалските мечеви се дел од европските натпреварувања и навистина ги има многу во текот на денешниот ден, но барем малку шаренило носат одбојката, кошарката и ракометот, кои се дел од Олимписките игри во Париз.
Понудата е попладневна, а стартува од 16 часот со дуелот меѓу женските одбојкарски селекции на Бразил и на САД. Веднаш потоа се префрламе на ракомет, на пресметката меѓу ракометарките на Шведска и на Франција.
И фудбал има на олимпискиот турнир, дуелот меѓу Египет и Мароко исто така е во понудата со зголемени квоти.
Потоа следува еден голем серијал фудбалски мечеви, најголем дел од нив од европските натпреварувања, а во вечерниот сегмент е вметнат и ракометниот меч во женска конкуренција Норвешка – Данска.