Фудбалот му должи на Меси светска титула

Легернадрниот аргентински голгетер Ернан Креспо смета дека фудбалот му должи на Меси светска титула. Меѓутоа, Аргентинецот и да ја заврши кариерата без освоено Светско првенство, нема да влијае врз неговата величина.

„Мислам дека тоа не може да влијае врз неговата величина и сè што направи за овој спорт, меѓутоа, ако размислите поубаво, ќе сфатите дека фудбалот му должи на Меси светска титула. Тоа што Лео го придонесе за фудбалот е многу повеќе од спорт. Тој е пример како треба да изгледа еден спортски професионалец“, истакна Креспо.

Капитенот на Барселона и аргентинската репрезентација до светската титула беше најблиску во 2014 година, кога Гаучосите загубија со минимални 1-0 од Германија на Мундијалот кој се одржа во Бразил.

- Оглас -

Најнови вести