Искусниот 34-годишен напаѓач на Реал Мадрид, Хосе Луис Мато, познат по прекарот Хоселу, направи нешто што во Шпанија не беше видено десет години, а тоа е некој фудбалер да освои титула во Ла Лига, една сезона откако испаднал со друг клуб.
Хоселу не еднаш, туку двапати по ред испаѓаше. Најпрвин со Алавес, потоа и со Еспањол. Лани дојде како позајмен во саканиот Реал каде игра и неговиот баџанак Даниел Карвахал (нивните сопруги се сестри близначки), и освои титула, целосна спротивност на тоа што му се случуваше лани и преклани.
Хоселу има добри шанси да остане во Реал и следната сезона, клубот може да го откупи за 1,5 милион евра, па може да стане и првиот во историјата на шпанскиот фудбал кој освоил титули во Ла Лига и Лига на шампиони откако претходната сезона испаднал.