Фудбалот во Ковид ера стана туризам – Ливерпул ги прати Алисон и Фабињо на викенд во Мадрид

Ливерпул направи чуден, нои очекуван потег и ги испрати двајцата бразилски репрезентативци Алисон Бекер и Фабињо од Манаус директно во Мадрид.

Тоа е со цел да се избегне задолжителниот карантин во Англија, замја која го има ставено Бразил на црната Ковид листа. Алисон и Фабињо играа за Бразил против Уругвај завчера во квалификациски меч за пласман на Мундијалот во Катар и се радуваа на победа од 4:1.

Ако се вратеа во Англија немаше да можат да играат за Ливерпул, против Атлетико на 19. октомври во меч од Лигата на шампионите.

Црвените нема да го имаат Алисон на голот и Фабињо во средниот ред за утрешниот меч од Премиерлигата со Ватфорд на гостински терен, но барем спасија што може да се спаси во ваква ситиуација за поважниот дуел со Атлетико.

Слична беше ситуацијата и со голманот на Астон Вила Мартинес и неговиуот соиграч Буендија кои од Бразил по мечот за Аргентина што беше прекинат во петтата минута во бизарна ситуација, заминаа во Хрватска на одмор наместо во Англија, исто така за да избегнат карантин.

 

- Оглас -

Најнови вести