Фудбалот во Македонија викендов се враќа на програмата

Претстојниот викенд ќе се одиграат одложените натпревари од Првата и Втората фудбалска лига на Мекдонија. Во најдобрата македонска фудбалска конкуренција ќе се одиграат натпреварите од 11-тото коло, додека 10-тиот круг е на програмата во второлигашката конкуренција – исток и запад.

Натпреварите првично беа закажани за 31 октомври и 1 ноември, но беа одложени со одлука на Комисијата за натпреварување во рамките на Федерацијата поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од ковид-19.

„Фудбалската федерација на Македонија ги усогласи условите за продолжување на натпреварувањата согласно препораките од Комисијата за здравство и според протокол кој е прифатлив за здравствените државни институции, и согласно тоа викендот ќе продолжат натпреварите од МФЛ. Како одговорно фудбалско тело изразуваме надеж дека тимовите ќе се однесуваат максимално сериозно и професионално во однос на почитувањето на мерките и препораките од здравствениот протокол во услови на организација на натпреварите во време на криза предизвикана од пандемијата со корона-вирусот“, стои во соопштението.

- Оглас -

Најнови вести