Фудбалска антипропаганда на лидерот – Ни шут на гол, ни корнер, а освоија бод

Арминија Билефелд одигра чуден меч, на кој лидерот во Втората германска лига не шутна ниту еднаш кон голот на Сандхаузен, не изведе ниту еден корнер и за малку ќе победеше.

Во финишот на мечот што заврши без голови, гостите од Билефелд постигнаа погодок, но беше поништен поради офсајд. Со тоа им пропадна планот да ги извојат трите бода, а шутот не се смета, па во графите за удари кон голот на Сандхаузен и корнери за гостите има само нули.

И со таков мизерен настап Арминија освои еден бод, шпто ги доближи до промоција во Бундеслигата. Лидерот сега има 58 бода и четири меча за доигрување. Главните конкуренти, Хамбургер и Штутгарт заостануваат за пет, односно 4 бода, а тимот на Дарко Чурлинов, Штутгарт има исто како и Арминија четири натпревари до финишот на сезоната, за разлика од ХСВ со три меча за доигрување.

Двете првопласирани екипи ќе играат следната сезона во Бундеслигата, а третопласираниот ќе мора да настапи во баражот против третата најлоша екипа во најсилното германски првенство, за да се одреди уште еден бУндеслигаш за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести