Фудбалска бомба во најава – Барселона го купува Лаутаро Мартинес?

Новинарите на „Радио Каталуња“ кои се одлично информирани за состојбите во Барселона најавија трансфер бомба, а иако не е објавено за кој играч се работи, се шпекулира дека станува збор за Лаутаро Мартинес.

Во популарната емисија на ова радио „Тот Жира“ најавено е дека трансфер на одличен играч е веќе склучен, а очекувано во преден план е шпицот на Интер, кој блеска сезонава.

Барселона има проблеми во нападот по повредата на Луис Суарес, а и денеска на „Месталја“ против Валенсија се виде колку на шампионот му недостасува Уругваецот, или играч сличен на неговиот калибар.

Барселона загуби со 0:2, па веројатно и тоа ќе влијае да се забрза трансфер на уште еден шпиц на „Камп Ноу“. Мартинес сезонава постигна 10 гола за Интер во Серија А и е шестти стрелец во Калчото, а откупната клаузула му е околу 120 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести