Фудбалска дремка за крај на 2018 година во Турција – Два меча и ниту еден гол

Првиот дел на турското првенство заврши со два меча без голови, а и на двата дуели имаше по еден наш интернационалец.

Елиф Елмас одигра одличен меч за Фенербахче на гостувањето кај Анталија, имаше прекресен обид со ножички во првиот дел, потоа и опасен удар во второто полувреме, но не успеа да го разбуди заспаниот гигант на турскиот фудбал.

Фенербахче одигра полусезона за заборав и е на претпоследното место по ремито без голови вечерва против Анталијаспор.

И Адис Јаховиќ беше дел од офанзивната линија на Коњаспор вечерва против Акхисар на гостински терен, но и тој не успеа да ги размрда соиграчите во обид да се освои целиот плен. И тој меч заврши без голови, а и Јаховиќ како и Елмас го одигра целиот меч за својот тим.

Коњаспор има многу подобра полусезона од Фенер и го заврши првиот дел од турското првенство на осмата позиција со 25 бодови, 9 повеќе од скромната залиха што ја освоија Елмас и соиграчите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести