Поранешниот француски фудбалер, Фабрис Лепол, трагично го загуби животот, откако загина на 43-годишна возраст. Клубовите Оксер, Кан, Сент Етјен и некои други, се простуваат од Лепол кој го напушти овој свет по сообраќајна несреќа во градот Балденхајм.
Судбината на Лепол му даде жолт картон во 1997 година кога истотака имаше тешка сообраќајна несреќа, а тогаш и покрај скршените ребра, преживеа, но фудбалската кариера која му беше ветувачка, почна да оди по надолна линија. Со Оксер стана првак на Франција во 1996 година, а играше и за младинската репрезентација на својата земја. Во првата француска лига дебитираше со само 16 години.