Фудбалската класика без победник – Германија прокоцка 2:0, Аргентина задоволна со реми 2:2 (Видео)

Фудбалската класика меѓу Германија и Аргентина заврши без победник со резултат 2:2 во Дортмунд, а двете селекции одиграа по едно одлично полувреме.

Во првото домаќините беа супериорни и со головите на Серж Гнабри и на Кај Хаверц водеа со 2:0. Гнабри повторно беше расположен со гол и асистенција, па изгледаше дека Германија ќе го торпедира големиот ривал.

https://www.youtube.com/watch?v=xIspERs5ae8

Кај Хаверц го постигна и деби-голот за германската репрезентација, па по 45 минути, Германците имаа голема предност од два гола.

https://www.youtube.com/watch?v=iEZJ1SaZ92E

Но, Аргентинците се подразбудија во последните половина час, а сè се смени со влегувањето во игра на Аларио, кој е соиграч на Хаверц од Баер Леверкузен. Влезе во игра во 62-рата минута, а само 240 секунди подоцна го постигна првиот гол за Аргентина. Имаше уште неколку извонредни потези и шанси, а и тој како и Гнабри беше и асистент и стрелец на гол.

https://www.youtube.com/watch?v=TGhTv67XOGk

Аларио одлично реагираше и во 85-тата минута, кога буквално како на тацна му ја остави топката на Лукас Окампос, а тој израмни на 2:2

Ова беше осми меч на Аргентинците без пораз кога ѝ гостуваат на Германија, што е рекордна низа на која било репрезентација во дуелите со популарниот „Елф“.

https://www.youtube.com/watch?v=UhNimcUL7x8

- Оглас -

Најнови вести