Фудбалската легенда ќе го спасува тимот од испаѓање

Екипата на Норвич е една од најлошите во Премиер лигата и се соочува со експресно испаѓање и враќање во Чемпионшип.

Пред два дена тие го отпуштија тренерот Даниел Фарке, иако само неколку часа претходно ја остварија првата победа во сезоната, и тоа против Брентфорд од 2:1.

Сега овој тим е во потрага по нов предводник, а како најсериозен кандидат се споменува фудбалската легенда Франк Лапмард.

Некогашниот англиски репрезентативец е во преговори со раководството на овој тим, а ова ќе му биде прва работа по отказот во Челзи.

Според медиумите од Островот, преговорите се во напредна фаза и во наредните денови ќе има и официјална промоција, а дебито на клупата ќе му биде на 20 овој месец, кога на домашен терен ќе го пречекаат Саутхемптон.

Норвич по 11 одиграни кола, има 5 освоени бодови и е на делба на последното место со Њукасл.

 

- Оглас -

Најнови вести