Фудбалската легенда тврди: Роналдо секое утро треба да му благодари на Господ што имал шанса да игра со Бензема

Карим Бензема изминативе сезони по заминувањето на Кристијано Роналдо, го предводи Реал Мадрид кон нови успеси. Иако откако Португалецот не е во тимот, фали успех во Лигата на шампионите, Реал е на добар пат во оваа сезона да дојде до таа титула, а веројатно Бензема да си ја осигура Златната топка.

Антонио Касано даде една навистина интересна изјава за италијанските медиуми за формата на Бензема и Роналдо во моментов.

„Кристијано Роналдо секое утро треба да станува и да му се заблагодарува на Бога што има играно со Карим Бензема. Ова што го прави тој по заминувањето на Португалецот, покажува дека е комплетен напаѓач, а Роналдо даваше голови и секогаш ќе биде тоа така, но погледнете само колку Бензема му има асистирано.

Тој е комплетен напаѓач, нешто што ретко се гледа во фудбалот. Кога беше Роналдо, му беше важно екипата да победува и да освојува трофеи, а сега покажува каков стрелец е тој“, изјави Касано.

Во досегашниот тек од сезоната, Бензема има 24 гола во Ла Лига, како и 11 во Лигата на шампионите, од кои шест се постигнати на последните два натпревари, против Челзи и ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести