Фудбалската репрезентација на Македонија слави 29-ти роденден (Видео)

Датумот 13 октомври 1993 година засекогаш ќе биде запишан со златни букви во фудбалската историја на Македонија. На денешен датум, пред точно 29 години, нашата најдобра машка селекција го одигра првиот натпревар, пријателски меч во Крањ со домашната Словенија, кој Македонија го доби со 4-1.

Првиот гол за нашиот национален тим го постигна Зоран Бошковски уште во петтата минута од овој натпревар. До крајот на убедливата победа се надоврзаа уште и Панчев од пенал, Јаневски од пенал и Канатларовски.

Селекторот Андон Дончевски мечот го почна со следниот состав: З. Мицевски, Грозданов, Јовановски, Марковски, Канатларовски, Најдоски, Јаневски, Бошковски, Панчев, Бабунски, В. Мицевски.

За 29 години, имаме само еден пласман на Европско првенство, а зад нас се многу победи и порази.

Потсетување на самите почетоци на репрезентацијата која тогаш делуваше моќно:

- Оглас -

Најнови вести