Фудбалската вртелешка на „Вилјамарин“ заврши на нула

Бетис и Мајорка одиграа нерешено 3:3 во првиот меч од 25. коло во шпанското првенство, а двете екипи имаа можност да ги освојат бодовите.

Гостите за кои подолг период не игра Александар Трајковски двапати водеа, со 1:0 и 2:1, а потоа Бетис стаса до предност од 3:2, но сепак не победи.

Домаќините имаа шанса да шутираат два пенали и ги погодија, а прецизни беа Каналес и Фекир. Третио гол за Бетис го постигна ветеранот Хоакин, но и тоа не беше доволно за да се освои цел плен.

За Мајорка прецизни беа Чучо, Будимир и Кубо, а за гостите и еден бод е многу вреден, бидејќи сега со 22 бода се за една позиција над опасната зона за испаѓање.

Бетис има 30 бодови на 12. место, но и серија од пет меча без победа.

- Оглас -

Најнови вести