Фудбалски меч во Мароко се претвори во трагедија – Поплава однесе 7 човечки животи (Видео)

Големо невреме што го зафати Мароко, особено јужниот дел во Регионот Тарудант, заврши трагично за седуммина фудбалери кои учествуваа на фудбалски турнир.

Одеднаш за време на еден од натпреварите на турнирот се излеа реката во близина на игралиштето, а седуммина фудбалери исчезнаа. Дел од луѓето на трибините успеаја да спасат еден фудбалер, а уште еден се води како исчезнат.

„Во шок сме. Не сум видел вакво нешто во животот. Оддеднаш огромна количина вода го поплави игралиштето и дел од фудбалерите ги снема во стихијата. Ова е голема трагедија“, изјави еден од пристуните на турнирот.

- Оглас -

Најнови вести