Фудбалскиот виенски бал без победник – Рапид и Австрија ремизираа во 330. градско дерби (Видео)

Рапид и Австрија ремизираа 2:2 во 330. дерби на Виена, што е третото најстаро градско дерби во Европа, по двете шкотски пресметки меѓу Селтик и Глазгов Ренџерс и единбуршкото во кое учествуваат Хартс и Хибернијан.

Рапид слави 120 години постоење, а неговите навивачи приредија спектакуларна атмосфера во чест на својот миленик, кој сепак не успеа да им подари победа.

Австрија на двапати водеше, со 1:0 со голот на Саркарија во третата минута и со погодокот на Пихлер во 39. минута, а Рапид израмнуваше со головите на Шваб во четвртата минута и на Љубичиќ во 69. минута.

Рапид остана на четвртото место со 29 бода, а Австрија е седма со 20 бодови.

- Оглас -

Најнови вести