Фудбалскиот класик уриваше рекорди – Една третина од населението во Велика Британија го гледале дербито на ЕП

Европскиот фудбалски класик меѓу Англија и Германија што заврши со победа од 2:0 на Гордиот Албион ги урна сите рекорди по гледаност на Европското првенство, а преку различни платформи ТВ-преносот го следеле 20,6 милиони луѓе во Велика Британија.

Тоа е речиси една третина од населението во Велика Британија, кое според пописот од 2019 година брои околу 66,7 милиони луѓе.

Англичаните објавија дека 20,6 милиони луѓе што го следеле преносот на Островот е рекорд и во историјата на репрезентацијата.

Англија успеа да го елиминира вечниот ривал во осминафиналето со головите на Рахим Стерлинг и на Хари Кејн во второто полувреме.

Во четвртфиналето Гордиот Албион ќе игра против Украина на 2 јули во сабота од 21 часот на „Олимпико“ во Рим.

 

 

- Оглас -

Најнови вести