Фудбалскиот шампион и репрезентативец се пресели на поисплатлива работа, сега е касиер во продавница

Некогашниот индиски репрезентативец Балџит Сахни одбра поисплатлива работа од фудбалот и сега работи како касиер во продавница во Канада.

Сахни беше и првак во Првата лига на Индија во 2014 година со Атлетико Колката, но поради беспарица на 31-годишна возраст ја прекина кариерата и се пресели во Канада.

„Немав пари ниту за леб. Немав ниту една понуда иако бев репрезентативец на Индија и првак во мојата земја. Морав да мислам на семејството и одлучив да се преселам во Канада. Не се срамам од работа и прифатив да бидам касиер. Од нешто мора да се живее“, вели Балџит.

Има три настапи за најдобрата селекција на Индија, а интересно е што во 2014 година како позајмен фудбалер од Бенгал пристигна во Атлетико и успеа да биде првак на својата земја.

Последен настап на фудбалски терен му беше за Пуне сити во 2018 година, по што ја прекина фудбалската кариера, а потоа со семејството се пресели во Канада

- Оглас -

Најнови вести