„Фудбалскиот Тиндер“ внесува револуција во трансферите

Апликацијата Transfer room спои многу клубови од целиот свет за олеснето менаџирање на трансфери, нешто како сајтовите за запознавање момчиња и девојки. Како што на „Тиндер“ има „лајк“ и „меч“, така и во трансфер-собата можете да си одберете играч каков што ви одговара (за секој играч има слики и податоци) и да му понудите договор.

Доколку некој клуб е заинтересиран за одреден играч, треба да му стави лајк, а ако играчот прифати, за 10 минути може да почне разговор со цел набрзина преку овој систем да се комплетира трансферот.

На оваа апликација може да се логираат сите клубови од цел свет, а членството се плаќа од 165 до 2.500 евра месечно, во зависност од тоа во каков ранг на натпреварување учествуваат. Оваа апликација не е добра за агентите бидејќи вака тие се прескокнати и клубовите кои бараат играч, директно контактираат со клубот од којшто сакаат да земат играч и со самите фудбалерите, а не преку менаџерите кои си земаат процент од секој реализиран трансфер.

Многу големи клубови од Европа, најмногу од Англија, Шпанија и Италија веќе ја користат апликацијата „Transfer room“.

- Оглас -

Најнови вести