Фудбалските љубители се згрозени: Во Бундеслигата се одигра еден од најлошите мечеви (Видео)

Шалке 04 и Мајнц 05 во петокот одиграа 0:0 во меч со кој стартуваше 24. коло во Бундеслигата. Според реномираниот весник Кикер, тој меч доби оценка шест и влегува во рангот на најлоши натпревари одиграни во историјата на германското првенство, откако во 1992 година е воведено оценување на дуелите.

Во последниве речиси три децении се одиграни вкупно 8.793 натпревари, а мечот меѓу Шалке и Мајнц влегува меѓу шесте најлоши. Што беше толку лошо на овој дуел? Мајнц упати дури 19 удари кон голот на домаќините, но само два пати тоа беше во рамките на голот на противникот. Играчите на Шалке само два пати шутнаа и двата пати беше во рамките на голот на гостите, но воопшто немаше опасност за погодок.

Според Кикер, на мечот имало неквалитетна игра на двата ривали, без никаква техничка убавина во играта. Шалке имаше дури 128 погрешни додавања, а играчите на Мајнц погрешно си ја подадоа топката дури 129 пати, што значи дека вкупно на средбата имало 257 неточни додавања, што во просек се три на една минута!

Овој меч беше на двата најслаби екипи во Бундеслигата. Шалке е последен со само 10 бода во 24 меча, додека Мајнц е на 19-тата позиција со 18 бода досега. Петочниот меч со оценка ШЕСТ, влезе во групата на најлоши мечеви во Бундеслигата заедно со уште пет натпревари и тоа:

24 ноември 2012 година: Гројтер Фурт – Нирнберг 0:0

5 март 2011 година: Ајнтрахт Франкфурт – Кајзерслаутерн 0:0

25 април 2009 година: Баер Леверкузен – Карлсруе 0:1

16 март 2001 година: Келн – Волфсбург 0:0

19 февруари 1993 година: Ватеншилд – Шалке 0:0

 

- Оглас -

Најнови вести