Македонската фудбалска репрезентација денеска се собра во хотел и почнува со подготовки за гостувањата кај Летонија и Ерменија од Лигата на нациите.
Традиционално, на првиот собир се загарантирани насмевки, добро расположение, а некои од фудбалерите ја користат приликата и да покажат имиџ во каков што ретко ги гледаме.
Повеќе се појавија облечени едноставно, спортски, а имаше и такви на кои модата и изгледот им се доста важни и предизвикуваа внимание.