Фудбалско Танго на Лаутаро Мартинес – Интер победи, Аргентинецот со гол стаса една вистинска легенда од ерата на Пандев (Видео)

Интер лесно ја победи Салернитана со 2:0 во меч од 10. коло во Калчото и се врати во битка за врвот на табелата и за Скудетото, а стрелецот на првиот гол, Лаутаро Мартинес има двојна причина за славје.

Аргентинецот го постигна 62-от гол во дресот на Интер и го стаса сонародникот Диего Милито, една вистинска легенда на клубот и еден од најзаслужните за триплетата во 2010 година, кога „Нероаѕурите“ ги освоија пехарите во Лигата на шампионите, во Серија А и во националниот Куп на Италија.

https://twitter.com/OptaPaolo/status/1581604009496170496?s=20&t=79oVGl8Q81Tv1Rznp3M14g

Во таа генерација важен играч на Интер беше и нашата легенда Горан Пандев.

Со голот денеска Лаутаро се израмни со Милито на 13-то место со најефикасни играчи во клупската историја на Интер.

Вториот гол за печат на новата победа го даде Николо Барела.

Интер со 18 бода и меч повеќе од ривалите е на седмото место во Серија А, а Салернитана е 12-та со 10 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести