Фудбалскиот Болт почна во Третата лига, заврши како дебитант на сезоната во Бундеслигата

Бекот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, е прогласен за дебитант на сезоната во Бундеслигата и е најголемото откровение во долгата сезона во најсилното германско првенство.

Канаѓанецот воодушеви со брзината, но и со квалитетот, а интересно е што сезонава играше за два тима на Баерн. Почна со резервите и одигра три натпревари за Баерн 2 во Третата германска лига, а потоа беше повикан во првиот тим, за кој одигра 28 натпревари.

Дејвис има само 19 години и е голема перспектива на Баерн, кој го купи од Ванкувер вајткапс. Алфонсо е Канаѓанец и успеа експресно да се наметне во составот на најтрофејниот германски клуб како незаменлив првотимец.

Постигна и три гола сезонава, а со Баерн веќе ја освои титулата во Бундеслигата и има шанса за уште два пехари. Баварците се на чекор до четвртфиналето во Лигата на шампионите, бидејќи имаат предност од 3:0 пред реваншот со Челзи, а ќе играат и во финалето на германскиот куп на 4. јули против Баер Леверкузен на „Олимпискиот“ стадион во Берлин.

Интересно е што и составот во кој почна како играч на Баварците, вториот тим на Баерн е лидер во Третата германска лига, па Дејвис на крајот на сезоната има шанса да биде двоен првак со два тима во различни рангови на натпревари во Германија.

- Оглас -

Најнови вести