Фулам како да се подготвува за експресно враќање во Чемпионшип (видео)

Астон вила со цел плен си замина од „Крејвен котиџ“ по триумфот од 3-0 над Фулам во претпоследниот меч од третото коло во Премиер лигата. Екипата на Скот Паркер остана со максимален негативен учинок по враќањето во англиската елита, а по последното разочарување гол-разликата е 3-10.

Фулам е вториот тим по три кола кој има двоцифрен број примени голови во својата мрежа, по ВБА, кој е најлош во овој сегмент со 11 примени погодоци.

https://twitter.com/LivePLgoals/status/1310626506868129793

Грилиш рано ја отвори средбата, гостите водеа само по четири минути со помош на капитенот, а веќе во 15-тата минута Хурахан зголеми на 2-0. Астон вила го постави конечниот резултат непосредно по стартот на вториот дел, стрелец во 48-мата минута беше Мингс, додека Фулам остана и без почесен погодок откако ВАР му поништи гол на Рид поради фаул.

https://twitter.com/LivePLgoals/status/1310626506868129793

Астон вила има максимален учинок по два натпревари, додека Фулам во четвртото коло ќе трага по првата победа во сезоната.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести