Фулам „на стрелање“ по изменетиот распоред во Премиер лигата

Дуелот Тотенхем – Фулам е презакажан за во среда навечер (21:15 часот) и ќе се одржи наместо средбата меѓу Астон вила и Тотенхем, според изменетиот распоред во Премиер лигата.

Екипата од југозападниот дел на Лондон во седум дена ја очекува пеколен распоред. По гостувањето кај Петлите, Фулам на домашен терен ќе ги одмери силите против Челзи на 16 и Манчестер јунајтед 20 јануари.

Вестите воопшто не се добри за Скот Паркер и неговите избраници, кои во последните пет кола освоија четири бода со четири ремија, а паметат и пораз од Манчестер сити.

Фулам по 15 одиграни натпревари во англиското првенство, е на 18-тото место со 11 бода, а новиот распоред дефинитивно ја отежнува работата во битката за опстанок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести