Фулам не го пушта Митровиќ во Ал-Хилал, а тој се заканува дека ќе го бојкотира клубот

Александар Митровиќ има неверојатна понуда од Ал-Хилал и би заработил 75 милиони евра за три сезони доколку се пресели во Саудиска Арабија. Тој јавно кажа дека ја прифатил понудата и побара Фулам да го ослободи од обврските, со оглед на тоа дека има договор за уште три сезони.

Сепак, тука настана проблемот. Фулам нема намера да го пушти србинот и веќе одбиле понуди од Ал-Хилал и бараат 60 милиони евра за да го ослободат фудбалерот, сума што тешко дека би ја платил дури и клуб од Саудиска Арабија, бидејќи моменталната вредност на фудбалерот е 28 милиони евра.

Токму затоа Митровиќ планира да го бојкотира Фулам и да им стави до знаење на челниците на клубот дека намера повеќе да игра за нив. Планот на фудбалерот кој им го кажал на пријателите и семејството е дека тој ќе одбива да влезе во игра секојпат кога тоа ќе биде побарано од него и со тоа да ги натера да го пуштат да оди во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести