Фулам водеше на „Олд Трафорд“, а потоа поради еден момент им се срушија сите надежи (Видео)

Манчестер јунајтед се пласираше во полуфиналето на ФА Купот, откако со 3:1 славеше на „Олд Трафорд“ против Фулам. По првиот дел немаше голови, а Фулам прв се израдува на почетокот на второто полувреме, кога погоди Митровиќ за 1:0.

Гостите од Лондон ја чуваа предноста се до 70 минута кога се случи клучниот момент на средбата. Манчестер јунајтед беше во контра напад, домаќините требаше да постигнат гол, но Вилијам со рака ја удри топката од самата гол линија.

Судијата во прв момент покажа само корнер, но по консултации со ВАР собата беше потврдено дека играчот на Фулам играл со рака, па заслужено заработи црвен картон. Поради непримерно однесување црвен картон доби и Митровиќ, а Манчестер јунајтед требаше да изведе пенал.

Бруно Фернандеш погоди за 1:1, а Фулам кој во еден момент остана без двајца фудбалери, не можеше ништо да направи во продолжение. Сабицер за кратко време погоди за 2:1 за фаворитот, а Бруно во последните моменти од средбата го потврди триумфот на домашниот тим.

Целата ситуација околу пеналот и двата црвени картони на Фулам може да ги видите.

- Оглас -

Најнови вести