Црвена фурија ја зафати Србија, Шпанците имаат 8 поени предност по првиот дел (Видео)

Шпанија одигра одлична втора четвртина и анулира негатива од 7 поени, за предност од 45:37 по првото полувреме во големото дерби против Србија.

По првиот период „орлите“ водеа со 20:13, но тогаш тргна фуриозната игра на Шпанците, кои стасаа и до 10 поени предност, 41:31, а по 20 минути игра водат со 45:37.

https://twitter.com/FIBAWC/status/1170683949737103360?s=20

Рики Рубио со 8 поени е најефикасен кај Шпанците, а со 14 поени прв стрелец на мечот е бекот на Србија Богдан Богдановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести