Фуријата и Панцерите профитираа од голманските подароци (видео)

Шпанија со минимални 1-0 против селекцијата на Швајцарија ја втората победа во групата 4 од сегментот А во Лигата на нациите. Црвената фурија до трите бода стигна благодарение на швајцарскиот голман Јан Сомер, кој им го подари голот на Шпанците во 14-тата минута.

Во обид да ја проследи топката со соиграчот, Сомер отвори златна прилика за домаќините, а Ојарзабал беше човекот која смести топката во неговата мрежа.

Шпанија со оваа победа дојде до седум бода по три кола, Швајцарија е последна во групата со само еден бод.

https://twitter.com/We_Global/status/1315004975504908294

Германија ја оствари првата победа во 2020 година на гостувањето во Киев каде што славеше со 2-1 против Украина. Панцерите го одржаа билансот без пораз против Украина, а за бодовите добија голема помош од домашниот голман Георги Бушчан.

Прво Гинтер погоди за 1-0 во 20-тата минута, за потоа на стартот од вториот дел Горецка да зголеми на 2-0 по аматерскиот кикс на Бушчан.

https://twitter.com/futurefights360/status/1315015125926064132

Украина притискаше барем да го ублажи поразот и успеа во тоа преку Малиновски, кој погоди од белата точка во 77-та минута поставувајќи го конечниот резултат.

Германија е втора во групата 4 зад Шпанија со пет бода, Украина има два бода помалку на третото место.

- Оглас -

Најнови вести