Фуријата ја оддува Словачка и налета на осминафинале со Хрватска

Швеѓаните со драматична победа од 3-2 против Полска го задржаа првото место во својата група и во осминафиналето ќе се сретнат најверојатно со Украина, иако им се закануваше опасност да налетаат на Хрватска. Вака, против Хрватска во осминафиналето ќе треба да игра Шпанија, која попладнево со 5-0 ја растури Словачка.

Кога Полска со голот на Левандовски изедначи на 2-2, Шпанците се израдуваа дека ќе бидат први, но Класон во 94-тата минута ја испрати Црвената фурија на осминафинален меч против Хрватите.

Од 2004 година наваму не беше видена победа од пет гола разлика на ЕП, но Шпанците овој триумф ги однесе само на втората позиција во групата и во многу потешката половина на патот до финалето на ЕВРО 2020.

- Оглас -

Најнови вести